Ова е новиот електричен Audi e-Tron GT
» Две и пол години му требаа на Audi да ја подготви сериската верзија на e-Tron GT за кои добро го криеше, но на крај не издржа уште некој ден – премиерата беше закажана за вторник ама не издржа да го сокрие и веќе се појавија првите негови фотографии. Не се којзнае колку квалитетни но се доволно детални за да се осознаат сите детали за неговиот дизајн. За жал, истото не може да се каже и за техниката за која информациите засега се базираат на „добро проверени“ извори блиски до компанијата од Инголштат. А тие велат дека овој модел базиран на Porsche Taycan ќе има иницијален погон на задните тркала и батерии од 79,2 kWh со кои ќе има автономија од околу 400 km.
Нешто повеќе детали се дознаваат за неговата топ варијанта која истовремено ќе биде лансирана под ознаката RS e-Tron GT. За неа се вели дека е развиена од Audi Sport одделението, кое има додадено аеро боди пакет, покрив од јагленородни влакна, други тркала, подесувачко ослонување, карбон-керамички сопирачки, два електромотора кои му обезбедуваат погон на сите четири тркала, батерии од 93,4 kWh и уште нешто. Вкупната моќност е покачена на 600 (со овербуст на 650) KS со кои ќе забрзува до 100 километри на час за некои 3 секунди.
Овој модел со кој Германците сакаат да парираат на Tesla Model S треба да се произведува во Некарсулм, во истата фабрика од каде излегува R8 и да чини околу 140.000 евра.