Што ли ќе биде?
» Поминаа 15 години откако престана да се произведува, а сé уште ги распламтува сетилата на љубителите на марката, кои никако не можат да се помират со судбината што на Celica и ја одреди јапонската компанија. Нивната надеж дека овој славен модел ќе се врати во продажните салони сега повторно е подгреана – се дозна дека е поднесено барање за продолжување на регистрацијата на името Celica. Но бидејќи плановите на Toyota што ќе прави со името Celica воопшто не се поткрепени со никакви вести, веднаш се јавија шпекулации. Првата и најверојатна е дека јапонскиот производител само сака и понатаму да ги поседува правата за употреба на ова име, нераскинливо поврзано со неговите спортски модели од минатото. Втората која ја посакуваат сите нивни љубители е дека марката ќе ја оживее Celica. Постои и трета – дека под оваа ознака ќе се пласира кросовер направен заеднички со Mitsubishi, кој би бил конкурент на Subaru Crosstrek. Иако звучи сосема непотребно името Celica да биде воскреснато во еден ваков модел, сепак неговото наследство добро ќе му дојде за остварување поголеми бројки во продажбата.
Така, прашањето што мачи многумина е – што ли ќе биде?