»
Renault 4 и 5 доаѓаат, Talisman, Espace и Scenic заминуваат

„Ренолуција“ со помош на струјата и познатите имиња

» За некој ден ќе се знае каде иднината ќе го одведе Renault – новиот шеф на компанијата Лука де Мео ќе го претстави планот за преструктуирање наречен Ренолуција. Извори запознати со ова прашање тврдат дека негова основа ќе биде кратењето на трошоците што ќе подразбира и намалување на широкиот асортиман на производи дури и за 30 отсто. На листата за отстрел е Talisman, но ниту на Espace и Scenic не им е загарантиран опстанокот. Место нив ќе бидат вратени во живот некои од најславните модели на марката како што се Renault 4 и 5, но во форма на електрични возила. Идејата на Де Мео е повеќе да се потпре на француските корени и марката да се фокусира на производите, посебно на оние профитабилните. Се размислува и за напуштање на некои пазари за да се намали глобалниот притисок инициран од поранешниот прв човек, императорот Карлос Гон. Ќе биде редуцирано и инвестирањето во технологии кои не се веднаш употребливи, а алијансата со Nissan и Mitsubishi ќе се негува.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *