Mazda ќе лансира своја верзија на Toyota Yaris
» Бизнис соработката меѓу Toyota и Mazda се продлабочува на родбинско ниво – идната генерација на Mazda2 за Европа ќе биде ребрендиран Yaris. Вакви планови осамнаа во најновиот финансиски извештај на Mazda, во кој се вели дека во наредните две години ќе биде претставен модел со хибриден погон базиран на Yaris. Технички детали не се споменуваат, но воопшто не е тешко да се претпостави дека тој би се произведувал во фабриката на Toyota во Франција.
Сличен заеднички настап но во обратна релација Toyota и Mazda имаат на северноамериканскиот пазар, каде Yaris е ребрендирана верзија на Mazda2 која се произведува во фабриката на Mazda во Мексико. Плус на тоа двете компании во Алабама градат заедничка фабрика со капацитет од 300,000 возила, во која од идниот декември ќе се произведуваат кросовери.
Toyota поседува 5,1% од акциите на Mazda.