Симбол на наследството
» Откако уште во јули објавија дека заедничката компанија ќе се вика Stellantis, PSA и FCA сега го претставија и нејзиното лого. Дизајнерскиот фонт како основа остана ист, а сега во околу стилизираната буква Λ се додадени еден куп мали точки распоредени во нејзините орбити. Според соопштението, тоа го симболизира богатото нивно наследство и комбинацијата на силното портфолиото на новата група со 14 историски автомобилски брендови, разновидноста на професионалното потекло на вработените од сите региони и дава визуелен приказ на духот на оптимизмот, енергија и обновувањето на разновидната и иновативна компанија решена да биде еден од новите лидери во следната ера на одржлива мобилност. Самото име Stellantis, пак, доаѓа од латински и значи да се осветли со ѕвезди.