Tags: , ,
Интересен новитет на Fiat

Зелено е грозјето…

» Fiat има интересен новитет – малиот Mobi кој после четири години на пазарот е обновен. Најголемата измена е додавањето на Trekking изведбата, која има зголемено растојание од подлогата и заштитни пластики околу каросеријата. Тоа заедно со кровните носачи и двобојната каросерија му даваат доста атрактивен изглед. Другите измени на моделот се новата маска со новото лого на Fiat и италијанското знаменце во ќошето, друг браник и унапредена внатрешност каде акцентот е ставен на конективните технологии. Под лимот ништо не е сменето -овој модел и понатаму почива на (пра)старата платформа на Uno, со Fire Evo Flex еднолитарски мотор со 75 KS. Цената му стартува од околу 7.000 долари за основната, до 8.500 за Trekking изведбата.

Но за жал, ако ви се допаѓа, ќе мора да се преселите во Бразил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *