Tags: ,
Плаг-ин хибридите ја заокружија гамата на Q8

Audi го понуди S8 во две плаг-ин верзии

» Со ознаки 55 TFSi e quattro и 60 TFSi e quattro, новите верзии на Audi Q8 започнаа да го расчистуваат патот кон пензионирањето на дизелите. Поголемо внимание привлекува посилната чии технички податоци велат дека комбинира 3,0 литарски V6 мотор со 340 KS, електромотор со 136 KS, литијум-јонски батерии од 17,3 kWh и осумстепена трансмисија. Вкупната моќност на системот од 462 KS и вртежиот момент од 700 Nm ќе го забрзаат до 100 km/h за 5,4 секунди, а максималната брзина изнесува 240 km/h. Во чисто електричен режим (при брзини до 135 km/h) може да помине 45 km. Послабата верзија располага со 381 KS и 600 Nm, до 100 km/h стигнува за 5,8 секунди, максималната брзина е иста, а во електро-режим може да помине 47 km.

Претпродажбата на плаг-ин верзиите на Q8 веќе е започната. Нивните цени во Германија изнесуваат 75.351 односно 92.800 евра. Во соопштението на Audi нема ниту збор за идната судбина на дизелите кои Q8 ги има два – 45 TDi со 231 и 50 TDi со 286 KS. Од гамата се исфрлени обичниот Q8 55 TFSi, како и дизелската SQ8 изведба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *