» , ,
Opel го обнови Crossland (фото галерија)

Новото лице на Opel и за Crossland

» Првиот заеднички модел на Opel и PSA претставен на почетокот на 2017 година уште пред германската марка да стане дел од француското семејство, доби ново лице. Наречено Opel Vizor, тоа го имаше своето крштевање на потполно новата Mokka, од која Crossland наследи уште нешто – ја загуби буквата X во ознаката. Редизајнот на субкомпактниот кросовер кој се произведува во фабриката на Opel во Шпанија заедно со Citroen C3 Aircross му донесе нова маска и ЛЕД светла, со кои тој го продолжува трендот да биде спортски настроен модел. Помали промени има и назад (графиката на светлата, црните елементи, натписот Crossland сега е под знакот на Opel), а додадени се и нови двобојни тркала од 16 и 17 инчи.

За внатрешноста се предвидени други предни седишта, а практичноста му е подобрена со стандардната Apple CarPlay и Android Auto компатибилност. Crossland има и лизгачка задна клупа која ја зголемува зафатнината на багажникот од 410 на 520 литри, а со нејзино соборување се добиваат 1.255 литри корисен простор. Во опремата меѓу другото ќе се најдат и задната камера, напредниот паркинг асистент, системите за автоматско кочење со детекција на пешаци, препознавање на сообраќајни знаци, напуштање на коловозната лента, предупредување за возило во мртвите агли… Исто така унапредени се и ослонувањето и управувањето, а ќе биде на располагање и со IntelliGrip електрониката како замена за погонот на сите четири тркала. Во палетата мотори се 1,2 литарскиот атмосферски бензинец со 83 KS, неговите турбо варијанти со 110 и 130 KS и 1,5 литарските дизели со 110 и 120 KS.

Обновениот Opel Crossland ќе пристигне во продажните салони идната година. Цените не се објавени.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *