Tags:
Škoda и рели Монте Карло

Круната на рели настаните

» Спортската историја на Škoda е постара од релито Монте Карло, но тоа има посебно значење за марката. Токму спортот ја популаризираше компанијата Laurin & Klement како предок на Škoda уште пред таа да го направи првиот автомобил – нејзините мотоцикли започнаа да учествуваат на спортските настани во 1901-вата. Марката за прв пат се појави на релито Монте Карло во 1912-тата, на второто негово издание. Најзначајниот успех пристигна во 1936 година, кога второто место во класата 1.500 cm³ го освои возило со амблемот со крилеста стрела.

Да се стигне до овој успех не беше едноставен. Релито Монте Карло уште од своите почетоци важеше за еден од најсложените спортски настани, претставувајќи предизвик за возачите и автомобилите како заради лошите временски услови бидејќи се вози во јануари, така и заради маршрутата која предвидуваше да се стартува од повеќе локации низ Европа. Кога автомобилите ќе пристигнеа на целта во кнежевството се оценуваа и нивната елеганција, удобноста и состојба во која дошле, а учесниците мораа да ги покажат и своите возачки вештини. На првиот настап во Монте Карло чешкиот производител го претставуваше грофот Александар Саша Коловрат-Краковски кој тргна од Виена. До Монте Карло возеше 1.319 километри, некогаш и на температури од -18 степени целзиусови.

Во 1936 година, пак, Зденек Пол и Јарослав Хаусман со специјално подготвен Popular Sport во родстер верзија одлучија да стартуваат од Атина. Веќе и самото патувањето до таму беше макотрпно – за првата делница од Прага до Трст во должина од 850 километри им требаа 17 часа. После доаѓањето во Атина имаа неколку дена да се опорават и да го подготват автомобилот за задачите кои беа пред нив, што мораа да го направат без механичар или професионално опремено сервисно возило. Четиридневниот пат ги водеше преку Солун до Белград, понатаму до Будимпешта и Виена и на крајот преку Стразбур и Авињон до Монако. Вкупно мораа да поминат 3.852 километри. Голем проблем беа со снег прекриените планински премини на кои често со лопата мораа да го пробиваат патот. Борејќи се со сите предизвици кои успеаја да ги совладаат 72 екипажи од вкупно 105 колку што беа регистрирани, тие стигнаа до кнежевството без казнени бодови, изборувајќи се за импресивното второ место во класата. Чесите ќе беа и први бидејќи победничкиот тим попат го имаа поправено својот автомобил во спротивност со правилата, но во духот на фер-играта Škoda одлучи да не се жали.

Автомобилот со кој добро уиграниот тим напишаа важно поглавје во историјата на Škoda беше специјално изработен. Во родстер каросеријата на Popular Sport поставена на модификувана шасија беше вграден посилен 1,4 литарски мотор од Rapid. Постигнуваше 110 km/h а неговите два резервоара за гориво собира 170 литри со кои можеше да помине 1.500 километри. Вкупната тежина на возилото беше 790 килограми, а со возач и совозач 960. Покрај со топлата облека тие ѝ пркосеа на зимата со дополнителниот систем за греење и држачите за термоси. Рамката за загревање на ветробранското стакло овозможуваше подобра прегледност, а седиштето на совозачот можеше да се  спушти за тој да отспие малку во тек на маратонските возења. Наредната година се тргна за Монте Карло со слични амбиции, овој пат од Палермо со Rapid Coupe. Патот до Монако преку Рим, Падова, Виена и Дижон долг 4.134 километри претставуваше тежок предизвик и само четири од 30-те возила кои тргна до Сицилија стигнаа на целта меѓу кои и чехословачките  јунаци, за жал само до четвртото место во класата и 26-то во генералниот пласман.

После втората светска војна политичката ситуација значително го отежна учествувањето на Škoda на меѓународните настани. На релито Монте Карло 1949-та година приватен чешки тим со 1101 Tudor заврши на 83-тото место од вкупно 166 учесници, додека со фабрички тим марката се врати дури во 1956-та година. Иницијативата главно лежеше во рацете на странците, од кои возачите од Финска и Норвешка успеаја да остават траги. Меѓу значајните успеси беа првите места во класата до 1.300 cm³ со Octavia Touring Sport освоени 1961-вата, ’62-рата и ’63-тата. И во ерата на возилата со мотор и погон назад Škoda продолжи да привлекува внимание со успесите на кралицата на релијата. Во 1977 година на пример, фабричките возачи со легендарното Porsche од истокот како што медиумите го нарекуваа купето 130 RS освоија двојна победа во класата. Овој успех е многу позначаен ако се знае дека натпреварувачите беа соочени со исклучително теши услови – од 198 тима колку што стартуваа само 43 стигнаа на целта меѓу кои посадите на Škoda на 12-тото и 15-тото место. Со четири победи во низа од 1991-вата до 1994-та година приказната за успехот во Монте Карло ја продолжи Favorit 136 L кој го одбележа влегувањето на марката во модерното доба на својата тркачка историја. Следеше Felicia Kit Car за од 1999-тата со Octavia WRC чешката марка за прв пат да се испроба со погон на сите тркала, а четири години подоцна штафетната палка да биде предадена на Fabia.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *