Tags: ,
Дузина неверојатни нешта за Bugatti Veyron

Како за рубриката верувале или не

» Bugatti Veyron е запишан во историјата на автомобилизмот со големи златни букви. Тој ги помести границите на неможното и остави големо наследство за другите производители што тргнаа или ќе тргнат по неговиот пат. Но, има некои работи за него кои не се знаат, а заслужуваат внимание. Издвоивме 12 од нив.

  1. При полно оптоварување, ладилниците на моторот одведуваат толкава топлина што со неа во можат да се грејат десет семејни дома.
  2. Veyron има десет ладилници, а за производство на еден се потребни петнаесет работни часа.
  3. Сопирачките на Veyron можат да издржат температура до 1.800 степени.
  4. Кога е под агол од 55 степени, воздушната сопирачка генерира 70% од силата на кочење на просечен автомобил.
  5. Bugatti Veyron забрзува до 100 km/h за 2,8 секунди, а запира од 100 km/h за помалку од тоа.
  6. Секој примерок на Veyron е составен од три целини кои заедно ги држат само 14 завртки.
  7. Замената на специјално за него развиените пневматици чини околу 60 илјади евра.
  8. За производство на резервоарот за гориво се потребни се осум работни дена.
  9. Секој произведен примерок беше тестиран 500 километри, после што одеше на полирање кое траеше цели два дена.
  10. Пумпите за гориво на Veyron работат осум пати побрзо отколку кај просечен автомобил.
  11. При максимална брзина резервоарот од 100 литри гориво се празни за 12 минути.
  12. За согорување на сето тоа гориво на Veyron му требаат 47.000 литри воздух во минута, што е количество што човек ќе го дише четири дена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *