Tags: ,
MZKT-79221

Најголемиот камион на светот

» Освен најголемиот дампер, и најголемиот камион во светот доаѓа од Белорусија, овој пат од производителот MZKT од Минск. Се работи за моделот со ознака 79221 наменет за потребите на руската армија, и тоа за превоз на балистички ракети. Според конструкцијата е 16×16, долг е 22,7 метри, широк 3,4 и висок 3,3 метри, а тежок 44 тони. Со помош на 12-цилиндричниот мотор од 26 литри со 800 KS и 3.087 Nm може да понесе товар од 81 тон, и тоа до брзина од 45 km/h. За да помине 100 km му требаат 300 литри гориво, а за да се сврти 36 метри простор. Трансмисијата му е хидромеханичка, а ракетите за кои е наменет интерконтинентални, со домет од 11.000 km и можат да носат една нуклеарна боева глава од 550 килотони. Постои и цивилна верзија на овој камион.

коментари:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *