Може и по вода!
» Од Белорусија доаѓа екстремно off-road возило кое изгледа страшно, се однесува страшно и може да вози преку секаков вид препреки, дури и по вода – со брзина до 8 km/h. Долго е 4,5 метри и има меѓуоскино растојание од 3,1 метар, а зависно од изведбата високо е од 2,5 до 2,615 метри. За погон се користи 1,7 литарски турбо бензински мотор со четири цилиндри и најголема силина од 81 KS или 1,9 литарски дизел со 95 KS. Обата мотора доаѓаат во комбинација со мануелен менувач со пет степени на пренос. На цврста подлога може да развие најголема брзина од 50 km/h. Каросеријата е изработена из фиберглас, а има резервоар за гориво од 100 литри.
Погледнете го ова чудо од теренец во акција.