Како понатаму?
» После принудната пауза, европските автомобилски фабрики полека, една по една, повторно се отворија, но со ограничени капацитети. Поинаку и не можеше – заради строгите епидемиолошки мерки се воведуваат нови протоколи за работа, што бара темелност во организираноста. Ниту добавувачите не може да ги гарантираат испораките, заради тоа што и тие ги имаат истите проблеми. На ова треба да се додадат и намалената побарувачка и наталожените залихи од порано произведени, а непродадени возила. Надеж сепак постои бидејќи неактивноста на погоните под блокадата на коронавирусот траеше помалку отколку што се очекуваше.
Но прогнозите и понатаму не се оптимистички – тие велат дека разумно да се претпостави дека ќе проработат околу 90 проценти од погоните, со во просек 50 проценти капацитет. Сето ова директно влијание врз вработеноста, а последиците ќе ги почувствуваат 2,6 милиони луѓе, што е дури 44% од работната сила во европската автомобилска индустрија. Погоните на најголемиот европски производител, групацијата VW, работат сите до еден но со капацитет од 60% до 90%. Работат и сите фабрики на Renault, вклучително и оние во Мароко и Романија, но некои место поранешните три, сега само во две, па дури и во една смена. Volvo пак вели дека производството во својата фабрика во Белгија е вратено на претходното ниво. Просечното време кога фабриките не работеа траеше околу 30 работни дена – најдолго во Италија и Велика Британија (41 ден), а најкратко во Шведска, само 15.
Асоцијацијата на автомобилските производители во Европа ACEA претходно процени дека годинава ќе бидат произведени најмалку 2,5 милиони помалку моторни возила – автомобили, автобуси и камиони. Се очекува ланското ниво на производство да се поврати во 2022 година.