Препорачливо, не и неопходно
» Азотот како инертен гас помалку е подложен на атмосферските влијанија. Во воздухот го има 79 отсто, кислородот е 19 до 20 отсто а 1 до 2 отсто се останати гасови. Кога пневматиците ќе се напумпаат со азот неговата концентрација достигнува 98 отсто. Со тоа се намалува издишувањето и постабилно се задржува притисокот, а се намалуваат и влажноста во пневматиците, опасните прегревања, ’рѓањето на жичената арматура на пневматикот и тркалото, како и флуктацијата на притисокот во зависност од температурата. Заради тоа се исплати да се вложи некој денар повеќе во пумпање на пневматиците со азот.