Соништата во боја
» Милион отсто се шансите овие скици што ги гледаме да останат само во соништата на нивниот креатор, иако секој ќе се сложи дека навистина изгледаат добро. Од денешен аспект звучи како добар виц Alfa Romeo да произведува камиони, меѓутоа некогаш одамна тоа беше реалност – меѓу многуте други нешта освен автомобилите што миланската компанија ги произведуваше, имаше и камиони. Всушност да се разминеме со ваков камион кој предизвикува полно емоции сигурно ќе свртиме на првото можно место и ќе тргнеме по него подобро да го разгледаме. Разгледајте го и вие во оваа фото-галерија што ни ја овозможи младиот дизајнер од Јужна Кореја Таеканг Ли.