Tags: , , , , , , ,
Електричната офанзива на Opel

Opel цврсто гази на зацртаниот електричен пат

» Започната лани со Corsa-e, Opel досега има исполнето добар дел од плановите за својата електрична офанзива. Конкретно, тогаш до крајот на идната година беа најавени вкупно седум чисто електрични возила во важните продажни сегменти, од кои досега се претставени четири. Набргу после Corsa следеа електричниот транспортер Vivaro-e и неговата патничка изведба Zafira-e Life, а пред некое време ја видовме и електричната верзија на Мокkа. За претставување останаа електричните варијанти на Combo и Combo Life кои ќе бидат додадени во 2021-вата, за годината да се заокружи со премиерата на следната генерација на Astra која исто така ќе има електрична изведба.

„Ова портфолио ќе нé стави во одлична позиција да ги исполниме амбициозните идни цели за емисиите на штетни гасови во Европа“, рече извршниот директор на Opel Михаел Лохшелер. „Електромобилноста е неопходна компонента во ова, но нашите ултрамодерни и ефикасни мотори со внатрешно согорување и истражувањето на горивните ќелии во центарот во Риселхајм исто така ќе дадат важен придонес за да ја направиме нашата компанија одржлива за во иднината“, додаде тој, заокружувајќи ја својата изјава со уште едно ветување: „До 2024 година ќе го електрифицираме целото наше портфолио“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *