Автомобилот што го упропасти NSU
» На денешен ден 1967 година беше претставен NSU Ro 80. Овој еден од најавангардните но и најконтроверзни автомобили во историјата остана запаметен по две работи – по ротациониот мотор и по тоа што го уништи NSU. Компанијата која некогаш беше најголем производител на мотоцикли во светот во 1957 година ја лансираше успешната серија Prinz, за потоа истражувајќи нови пазарни пространства со сите сили се посвети на тогаш ветувачкиот мотор на Феликс Ванкел. Ro 80 требаше да биде круна на истражувањата и развојот на оваа технологија кои траеја повеќе од деценија. Дека очекувањата беа огромни докажува и неговиот изглед, современ дури и според сегашните стандарди. Од тогашна перспектива гледано сосема заслужено и оправдано ја освои титулата автомобил на годината, но во NSU не можеа долго да ѝ се радуваат. Проблемите со големата потрошувачка и малата издржливост на ванкел моторот уште на стартот ги упропастија сите шанси што ги имаше за било каков успех, доведувајќи ја компанијата на работ на пропаста од која ја спаси Volkswagen. Ro 80 продолжи да се произведува со 1977 година, а заинтересирана за ротационите мотори остана само Mazda.