Tags:
Нови, и овој пат непредвидливи цени на горивата

Едно поскапо, друго поевтино

» Регулаторната комисија за енергетика има прецизно дефинирани правила според кои работи, но ние обичните луѓе секогаш остануваме во чудење зошто некогаш едно поскапува, а друго поевтинува. Од искуство следејќи ја долги години работата на нашите енергетски антимонополисти можеме само едно да кажеме – ништо не треба да нé изненади, уште помалку да не зачуди. Едноставно, како е – така е. А сега е вака: бензините поскапуваат за половина, а дизелот поевтинува за еден денар, така што новите цени на горивата кај нас се:

  • Еуросупер БС-95 – 95 денари за литар
  • Еуросупер БС-98 – 97 денари за литар
  • еуродизел БС Д-Е V – 85 денари за литар

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *