Автомобилот што го ничкоса Ferrari на колена
» Предизвикан од успесите кои Ferrari ги постигнуваше на европските трки на издржливоста, посебно на 24 часа Леман, Ford на почетокот на 60-тите стартуваше со развој на сопствен тркачки автомобил. Со ангажирање на познати имиња и во соработка со други компании, на 1 април 1964 година светлото на денот го виде првиот автомобил од GT40 серијата. Развиен во Велика Британија, тој имаше лесна каросерија од стаклени влакна и голем американски V8 мотор од 4,7 литри позајмен од Mustang. Дебитираше на трката 1.000 km Нирбургринг каде се откажа заради проблеми со ослонувањето. Почетните неуспеси не го обесхрабрија Ford кој му го препушти водството на Керол Шелби, а финалниот резултат ја креираше историјата на овој модел во кој остануваат запишани четирите последователни победи на Леман.