Официјален старт на Hummer
» Водејќи се според истата идеја како и за Jeep за време на втората светска војна, американските вооружени сили во 1979 година ги објавија спецификациите за воено возило кое би ги заменило сите тактички возила кои тие моментално ги користеа. Интерес за бизнис-зделката изразија 61 компанија, но само 3 направија прототипи. Меѓу нив беше избран проектот на AM General, директниот наследник на Willys, со кој на денешен ден 1983 година беше потпишан петгодишен договор вреден 1,2 милијарди долари за испорака на 55.000 возила со официјална ознака High Mobility Multipurpose Wheeled Vehicles. Од нејзината кратенка HMMWV произлезе колоквијалниот назив Humvee, кој во 1992 година која се појавија цивилните верзии, беше конвертиран во Hummer.