Според многумина, најдобриот Transit
» После повеќе од две децении производство, Ford во 1986 година го замени успешниот Transit со нов модел. Оваа генерација на Transit (со кодна ознака VE6) која некои ја бројат како втора, други како трета а трети пак како четврта, според многумина е најдобриот Transit што Ford го има направено. Во Европа се произведуваше до 2000-тата, во Виетнам до 2003-тата, а во Кина од 2006 до 2017-тата кога беше заменет со моделот JMC Teshun кој ја има истата платформа.