Прв масовен штрајк во автомобилската индустрија
» Незадоволни со неможноста да се организираат во синдикати и тешките услови за работа, околу 200.000 работници се забарикадираа во фабриките на General Motors и започнаа со штрајк. Тие работеа по шест дена во неделата, а не им беше дозволено ни да отидат во тоалет. Жештината во погоните беше неподнослива и луѓето едноставно се струполуваа на земја, но лентата не запираше – работниците мораа да продолжат да работат прескокнувајќи преку своите изнемоштени колеги додека некој не ги извлечеше настрана. Чести беа и несреќите – пламенот што зафати двајца работници беше иницијалната каписла за отпочнување на штрајкот. Раководството на фабриката ја повика полицијата да го разбие штрајкот во што таа се обиде со солзавец и оружје, повредувајќи 14 работници. Но тие сплотени ги одбија нападите и издржаа цели 44 дена пред да се постигне договор. Како реакција на овој штрајк кој имаше големо значење за организираното работничко движење во САД и воопшто за работничките права и кој се закануваше да се прелее надвор од GM, и останатите автомобилски производители ги подобрија условите за работа во своите фабрики.