Југословенски Mercedes
» После 18 години и произведени 201.160 примероци, Zastava 1300 отиде во пензија. Југословенскиот Mercedes во бившата ни држава беше статусен симбол и директорски автомобил. Затоа и издржа три пати подолго отколку неговиот италијански роднина кој во 1967-мата беше заменет со Fiat 124 и 125. За таквиот имиџ придонесоа мноштвото хром, пространата и луксузна внатрешност со кожени седишта, добриот квалитет на изработка и големата потрошувачка.