За октанските видео-зависници
» Porsche претстави нов модел на тркачки автомобил, кој ќе егзистира само во дигитална форма. На тоа веднаш асоцира името Vision GT, дури и без да се знае дека е креиран за Gran Turismo 7 видео играта која ќе се појави во март идната година за Sony PlayStation конзолите. Дело е на тим дизајнери кои израснале играјќи ја прочуената игра, кои си поставиле за цел да направат нешто мало, лесно и ефикасно, демонстрирајќи што сé е можно со најновите технологии. Се работи за спортски двосед направен од јагленородни влакна и титаниум, со тркачки управувач, тенка централна конзола и транспарентна инструмент табла. За сериозноста со која се зафатиле за работа кажува и фактот дека е направен и прототип во полна големина, за кој од Porsche велат дека го наговестува дизајнот на идните електрични спортски модели на марката.