Не е за Европа
» На почетокот на мај Honda во Индонезија го покажа концептот со ознака N7X (скратено од New 7-Seater eXcitement), ветувајќи дека нема долго да се чека на серискиот модел. И навистина, само неколку месеци подоцна, тој, како што се претпоставуваше, пристигна како втора генерација на BR-V. Карактеристика на овој субкомпактен кросовер кој не се многу разликува од студијата е што има седум седишта иако е долг само 4,5 метри. Задржани се препознатливите линии на Honda, а ќе доаѓа со 1,5 литарски бензински мотор со 121 КС и 5-степен мануелен или CVT менувач само со преден погон. Како и досега, ќе се продава само во земјите од југоисточна Азија и Латинска Америка.