Tags: ,
Lada Niva добива нов мотор

Сега и со 1,8 литри и 122 коњи

» Откако во 1993 година го доби сегашниот 1,7 литарски мотор, на механиката на Lada Niva не се направени скоро никакви корекции. Така е и сега, но тоа не и се допаѓа на руската фирма Super-Avto од Толјати, специјализирана за преработки на рускиот теренец. Затоа одлучија да стартуваат со производство на Niva со 1,8 литарскиот мотор од Vesta Cross, чии 122 KS се далеку повеќе од оригиналните 83 на моторот со кој Niva се симнува од монтажните ленти на AvtoVAZ. За негово вградување прилагодени или заменети се замаецот, спојката, носачите, системот за ладење и издувот, а резервното тркало е сместено во багажникот. Моторот испорачува 170 Nm максимален вртежен момент (оригиналниот 129) и се очекува со него рускиот теренец да забрзува до 100 km/h за 12 до 13 секунди место стандардните 17. Производството на Lada Niva 1.8 веќе е започнато и од компанијата очекуваат до крајот на годинава да направат 300 примероци кои ќе се продаваат со единечна хомологација и по цена од 1,2 милиони рубљи (14.000 евра), што е за 25% повеќе од најскапата и скоро двојно од најевтината Lada Niva со 1,7 литарски мотор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *