Tags: ,
Dacia Jogger – хибриден „теренец“ со 7 седишта

Практичност и прагматичност во едно

» Кој се сеќава, кој не – кога Dacia во 2004-та се реинкарнираше, голем број беа оние што наоѓаа маани на формулата за нејзин повторен пазарен настап. Но, се случи тоа што се случи и Dacia бргу-бргу стана она што е денес. Затоа и сегашната примена на истата формула, но со новите параметри соодветни на модерното опкружување во кое живееме, предизвикува слични, да не кажеме идентични реакции. Разликата е само во тоа што сега е поголем бројот на оние кои се воздржани во прогнозите. Со право, бидејќи новиот Jogger предизвикува различни реакции, за кои само купувачите може да кажат дали се исправни.

А пред нив ќе се најде нешто што ќе им ги измеша критериумите – семејниот модел со 5 или 7 седишта е повеќе од обичен јуриш кон Ц-сегментот. Dacia Jogger треба да претставува четврти столб на производствената стратегија на марката, кој со електричниот Spring треба да придонесе за поинакво нејзино позиционирање во имагинарната бренд-категоризација која ја имаат купувачите. Овој сестран семеен модел тоа ќе го заслужи со исполнувањето на сите критериуми за успешно спојување на караваните, моноволуменците и SUV моделите. Да бидеме докрај искрени, тој како класа за себе од едни зема едно, од други друго и сето тоа го спакува во еден пакет како да е нешто трето, обезбедувајќи притоа да биде полнокрвен член на семејството на Dacia, што значи да нуди најдобар сооднос на цената и можностите, во овој случај најмногу пространоста и сестраноста.

На почеток ќе биде достапен со сосема новиот TCe 110 бензински мотор и 100 Eco-G верзијата на авто-плин, но од 2023 година понудата ќе биде проширена и со хибрид, за кој засега не кажуваат каков ќе биде. Нарачките ќе започнат да се примаат од ноември, а првите испораки се планирани за февруари. Предвидено е Dacia Jogger да се продава во цела Европа плус Турција, Израел и Мароко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *