Tags: ,
Puma стана бр.1 модел на Ford во Европа

На топ 10 листата на Ford има големи изненадувања

» Според бројките на продажбата во првото полугодие годинава, Puma ги помина Fiesta и Focus и стана најпродаван модел на Ford во Европа. Успехот на малиот теренец кој се произведува во Романија е резултат на промената на стратегијата на марката следејќи ја зголемената побарувачка за ваков вид возила. Податоците на Ford велат дека во првите шест месеци годинава се продадени 83.246 примероци од Puma, а на второто место е Transit Custom со 70.604. Но тој не е единственото доставно возило на топ 10 листата на Ford – Transit со продадени 54.673 примероци е петти, а Transit Connect (20.809) осми. Кон нив можеме да ги придадеме и пикапот Ranger (29.910) на седмото и патничкиот Tourneo Custom (12.945) на десеттото место. Успехот на Puma не го следат докрај останатите SUV модели – додека Kuga е четврта со 61.994 продадени примероци, за малиот EcoSport кој е деветти, се одлучија само 14.390 купувачи. Во ваква констелација, на традиционалните бестселери Fiesta и Focus со продажбата од 63.078 односно 48.651 примероци им останаа третото и шестото место. Но подраматично од тоа е што нивната продажба за првите шест месеци годинава се намали за 9,4 односно 40 отсто, и тоа во услови кога конкурентите забележаа подобри резултати во споредба со слабото прво полугодие лани. Но ова Ford како да не го загрижува многу бидејќи цената на Fiesta во Германија стартува од 12.490, на Focus од 17.990 а на Puma од 17.890 евра.

Поминувајќи ги Dacia Duster и Hyundai Kona, Puma во својата класа во Европа го освои четвртото место, зад Peugeot 2008, Renault Captur и Volkswagen T-Cross.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *