» , , ,
Volkswagen Taigo (видео, 30 фотографии)

Сега и официјално

» Под името Nivus, новиот модел на Volkswagen ќе настапува како единствен купе-SUV адут во растечкиот потсегмент. За Европа ќе се произведува во фабриката во Памплона во Шпанија, од каде првите примероци ќе излезат во четвртиот квартал оваа, додека испораките се предвидени за почетокот на идната година. Сместен над T-Cross, и тој како и другите модели на VW со негова големина е базиран на MQB A0 платформа, која му дава должина од 4,27, широчина од 1,76, височина од 1,49 и меѓуоскино растојание од 2,57 метри, оставајќи уште простор за 438 литри багаж. Ќе се нуди само со TSi бензинци со силина меѓу 95 и 150 KS и погон на предните тркала – дизели, хибриди и 4×4 погон нема да има. Во зависност од агрегатот ќе има мануелни менувачи со 5 и 6 степени и 7-степен DSG автоматик. Опременоста му е трендовска и вклучува мултифункционален управувач, централен екран од 6,5 или 9,2 инчи, дигитална инструмент табла, IQ.Drive пакет системи за асистенција на возачот и друго. Цените не се познати.

Испрати коментар

Вашата е-мајл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *