Најмалиот вистински семеен автомобил
» Откако Fiat на салонот на автомобилите во Торино во 1972 година го претстави малиот 126 како наследник на популарниот 500, тој инстантно беше прифатен од европските пред сé италијанските купувачи. Неговиот потенцијал го препозна и полските власти кои го основаа претпријатието FSM за неговото производство кое започна на денешен ден ’73-тата. Изградија и нова фабрика во Тихи, од каде дел од надоместите за лиценцата и набавката на опремата на Fiat му беа подмирени со мотори кои се вградуваа во возилата што се произведуваа во Италија сé до 1980 година. 126p продолжи да се произведува во Полска сé до 2000-тата, до кога беа направени 3.318.674 примероци. Оттаму стигна и до купувачите низ многу земји низ целиот свет. Во Австралија се пласираше под името FSM Niki и беше најевтиниот автомобил во тоа време. Во Куба каде стана еден од најдобро продаваните автомобили и ден-денес се возат околу 10.000 примероци од него. Во Кина беа пласирани околу 23.000 возила кои се користеа и како такси, а беше и еден од ретките автомобили кои приватните лица можеа да ги купат. Вкупно беа извезени 897.316 примероци од него.