Ќе ги снема ли големите екрани во автомобилите?
» Дај боже – така велиме ние, но не и купувачите, посебно оние финансиски добро поткованите, за кои производителите се тркаат кој ќе им понуди што повеќе и што поголеми екрани во автомобилите. Но сé си има свои граници, а тие во овој тренд изгледа дека се достигнати. Имено, шефот на дизајнот на ентериерите на BMW Матиас Јунгханс смета дека порано или подоцна, големите екрани во автомобилите ќе станат минато. Но, според него, тоа не значи дека ќе и нема, туку дека ќе се појавуваат по потреба, кога патниците тоа ќе го посакаат.
Да потсетиме, Mercedes EQS има 141 cm долг екран составен од три дисплеја, а BMW на патниците назад во новата серија 7 им обезбеди 8K монитор од 80 cm.