Мистеријата на Индијанците од Млада Болеслава
» На логото на Škoda се наоѓа индијанска стрела, иако Индијанците немаат никакви историски врски со Чешка. Постојат неколку приказни за него. Една е дека овој знак е избран во дваесеттите години од минатиот век на јавен натпревар, а името на неговиот автор е загубено. Втората која компанијата ја објавува како најверодостојна е дека стрелката со сини крилја, која е стилизирана претстава на индијанска глава со пердуви и стрела, е дело на комерцијалниот директор на компанијата. Се верува дека значењето на симболот е да го изрази на напредокот и движењето во иднината.