Критичното ниво уште не е достигнато
» Откако цената на нафтата достигна 105,81 долари, белата куќа ги повика американските нафтени компании да го зголемат производството, а земјите членки на меѓународната агенција за енергетика одлучија да ослободат 60 милиони барели од своите стратешки резерви. Но и покрај тоа, анализите на пазарот покажуваат дека цената на нафтата ќе продолжи да расте бидејќи некои глобални играчи започнаа да се повлекуваат од Русија. Прв тоа го стори BP кој поседува 19,75 отсто од Rosneft, чекор што ќе го чини 25 милијарди долари. Реагираа и од норвешкиот Equinor кој повеќе од 30 години преку заеднички компании е присутен на неколку наоѓалишта во западен Сибир. Истото го стори и Shell кој ќе ги продаде акциите што ги има во руските нафтени компании. Просечниот дневен извоз на руска нафта изнесува 4,7 милиони барели.