Tags: , , , ,
ФИНАЛИСТ – Автомобил на годината во Македонија 2021
»  

Toyota Yaris

Во тек е он-лајн (https://coty.mk/#vote) гласање каде моделот што ќе освои најмногу гласови ќе има еден рамноправен глас при изборот. Со цел да можете да се запознаете подобро со финалистите и да гласате за вашиот фаворит обезбедивме рамноправно претставување на секое возило. Резултатите од гласањето на жирито, финалистите и јавноста ќе биде познато на почетокот на март. Претставувањето на финалистите е по случаен избор. Он-лајн гласањето трае до 28 февруари 2021 година до 23:59 часот.

» Првата генерација на Toyota Yaris ја понесе титулата „Автомобил на годината“ во Европа за 2000-та и веднаш го освои пазарот. Оттогаш секоја генерација на јапонскиот градскиот автомобил наоѓаше своја бројна клиентела, а најновата генерација донесе многу новини. Навистина новиот Yaris е подобар од кога и да е. Започнувајќи од дизајнот до напредните и чисти технологии, сé е проектирано на највисоко ниво во класата. Новата TNGA платформа овозможува вградување и на електрифицирани погони и ја зголемува крутоста на структурата а со тоа и безбедноста. Новиот Yaris се задржува на должината по четири метри (3.940 x 1.695 x 1.505 mm), како и со растојание помеѓу оските од 2.550 mm се позиционира вo во средината на Б-сегментот. Со својот динамичен и модерен дизајн со моќни линии се наметнува на прв поглед. Внатрешноста е со модерен дизајн и со квалитетни материјали нудејќи комфорно и пријатно возење.

Toyota се откажа од дизел агрегатите па и новиот Yaris е опремен само со бензинци или со хибриден погон. Бензинците се со три цилиндри, со работен волумен од 1,0 и 1,5 литри, со моќност од  72 KS (93 Nm) за послабиот и 125 KS (153 Nm) за посилниот бензинец. Базичниот агрегат е спарен со пет степен мануелен, посилниот брои до шест степени или е опремен со CVT менувач, а силата се пренесува на предните тркала. Најновата хибридна моторизација е составена од 1,5 литарскиот бензинец, со 92 KS, со системска моќност од 116 KS. Опременоста е на ниво од безбедносни и системи за асистенција ќе ги спомнеме: Precollision system, Rear cross traffic alert, Blind spot monitoring, Emergency steering assist, Lane depart alert, Lane track assist и Adaptive cruise control, систем сензори и камери, електрична рачна сопирачка, автоматски двозонски клима уред, управувач со греење, 10-инчен колорен екран, навигација, head-up дисплеј, безжично полнење на мобилен… Се нуди со шест пакети на опрема: Light, Fancy, Stile, Chic, Chic Xtra и Premiere Еdition, со стартната цена на влезниот модел која е позиционирана на 12.450 евра.

Повеќе за изборот, он-лајн гласањето, критериумите и сите досегашни победници посетете ја страницата www.coty.mk.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *