Ќе се снајде ли некој?!
» Покрај сегашните седум, Mazda најави уште пет нови кросовери кои ќе се појават идната и во 2023 година. За нивно означување ќе се користи шемата со двоцифрени ознаки – од CX-50 до CX-90, што најавува дека нема да бидат директна замена на некој од сегашните модели, кои, пак, не значи и дека ќе останат во гамата. Прв, и тоа веќе следниот месец на салонот во Лос Анџелес, ќе се појави CX-50 кој ќе ја користи платформата од Mazda3 и CX-30. Ќе биде наменет единствено за американскиот пазар и ќе се произведува во заедничката фабрика на Mazda и Toyota во Алабама. Останатите четири кросовери ќе бидат поставени на нова платформа – тоа се CX-60 за глобална продажба и неговата американска верзија CX-70 кои ќе имаат два реда седишта и поголемите CX-80 (за глобалниот пазар) и CX-90 (за Северна Америка) со по три реда седишта.