Не е за секого!
» Сакате необична Volkswagen Буба? Еве прилика но само ако имате 550.000 долари. Дело е на Рон Патрик, по занимање доктор на механички науки од Станфорд, кој во каросеријата на стандардна Буба произведена 2000 година има вградено General Electric млазен мотор од 1.350 KS кој главно се користи во хеликоптерите на американската морнарица. Оригиналниот четирицилиндричен мотор е задржан, заради што, како тврди тој, возило е легално за редовен сообраќај. Она што не може да го тврди е колкава брзина оваа Буба може да постигне, бидејќи не ја пробал до максималните граници.