Tags: ,
Тркачката историја на Alfa Romeo (фото-галерија)

Легендарна и единствена тркачка историја под симболот на детелинката со четири листа

» Основана 1910 година, Alfa Romeo веднаш својот фокус го насочи кон спортските натпревари на кои дебитираше веќе со своите први возила. За таа цел во 1914-та беше развиен наменски тркачки автомобил под ознаката Grand Prix, чија кариера ја запре првата светска војна. Првата голема меѓународна победа беше Targa Florio во 1923 година на која доминираше Уго Сивочи со RL на чија хауба имаше нацртано детелинка со четири листа која стана симбол на сите не само тркачки туку и перформансни автомобили на Alfa Romeo.

Кога беше најавено првото светско гран-при првенство Никола Ромео побара од главниот инженер Виторио Јано да направи возило способно да донесе добар имиџ на марката. И навистина така беше – иновативниот, издржлив и исклучително брз P2 ја освои титулата во првото светско гран-при првенство во 1925 година. Во текот на 20-тите и 30-тите години Alfa Romeo беше непобедлив во трките, освојувајќи 11 изданија на Mille Miglia и четири трки 24 часа Леман, додека едноседите P3 беа ѕвезди на бесмртните потфати на фабричките возачи.

Годината 1933-та Alfa Romeo премина во државна сопственост и тркачкиот тим го презеде Scuderia Ferrari. Победите продолжи да ги ниже 12C, кој беше инспирација за настанување на 158 Alfetta на која едноставно сјајната иднина ѝ беше предодредена. Во тоа не ја спречи ниту воената пауза – кога 1950-тата стартуваше новото светско првенство во формула 1, тоа ѝ ги донесе победите на сите трки од официјалниот календар освен Индијанаполис 500 на која европските возачи не настапија. Титулата ја освои Џузепе Нино Фарина, а успехот идната година го повтори Хуан Мануел Фанџо со 159 Alfetta. За жал, Alfa Romeo мораше да ги концентрира сите свои напори на повторното стартување на производството и одлучи да се повлече од трките.

Но не и да се откаже – мотивирани со успешното лансирање на Giulietta и Giulia, официјалното враќање на тркачките патеки дојде со Autodelta во 1960-тите години, резултирајќи со хегемонијата на Giulia GTA додека кариерата на Tipo 33 започна да фаќа замав – овој доминантен спортист за десет години насобра импресивен број победи кои кулминираа со два светски шампионата во 1975 и 1977 година. Низата успеси ја поттикна марката повторно да се вклучи во формула 1, најпрво обезбедувајќи мотори за Brabham, а од 1979-тата до 1975-тата со сопствен тим. Кога авантурата во најбрзиот циркус заврши без значајни резултати, Alfa  Romeo продолжи да се натпреварува во другите категории со тркачки изведби на сериските модели, како што беа 155 и 156 кои постигнуваа достојни успеси.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *