Заменете го маслото во менувачот, не ризикувајте!
» Некои производители во упатствата за своите автомобили наведуваат дека маслото во менувачот не треба да се менува. Тоа е затоа што квалитетот на маслото кое тие го користеле овозможува тоа да трае еднакво или подолго од проектираниот век на траење на автомобилот. Но ако сте купиле автомобил на старо секако заменете го маслото во менувачот – не ризикувајте!
Има повеќе причини зошто. Првата е поминатата километража кај автомобилите кои ние ги возиме, која далеку ги надминува фабричките проценки. Втората е што не знаете дали во менувачот е оригиналното масло или не – доколку тоа е заменето, нема да знаете маслото што е сипано дали е со пропишаниот квалитет. Третата пак е што исто така не знаете како возилото е користено од претходните сопственици. Доколку тие се биле невнимателни можно е во маслото од менувачот да има метални честички настанати од меѓусебно стругање на запчениците кои се таложат на чепот на менувачката кутија кој е намагнетизиран.
Заради сето ова, препорачливо е, без разлика на упатствата на производителот, посебно кај постарите автомобили, без разлика дали тој е автоматски или мануелен маслото во менувачот да се менува после 60.000 km или три години, најдоцна после 100.000 km или пет години.