Струја за три дена
» Освен товар, пикапите на Ford ќе можат да „носат“ и струја – според компанијата електричниот пикап F-150 Lightning е во состојба да напојува со електрична енергија едно домаќинство цели три дена. Системот за двонасочен проток на струја овозможува таа едноставно да се користи, ставајќи ги целиот капацитет на батериите од 131 киловат-час на располагање. За тоа е потребно инсталирање на куќен систем кој ќе работи интегрирано со контролната електроника во возилото. Бројките велат дека Ford F-150 Lightning е способен да испорачува до 80 ампери струја, што е многу повеќе отколку што вообичаено се ангажира во едно домаќинство со употреба на куќните апарати. Според Ford, оваа можност ќе биде посебно привлечна ако возилото се полни преку ноќ а потоа струјата се троши преку ден.