Нова шминка за старата дама
» Направена на основа на тривратната Niva Legend, оваа верзија на легендарниот теренец на Lada се разликува по зголемениот клиренс од 205 на 240 mm, новите пружини и амортизери, тркалата со димензии 235/75 R15, кровните носачи, проширувањата на крилата, другите браници, маската, новите светла за магла… Тука се и новата инструмент табла и предниот панел, покомфорните седишта, подобрата изолација од бучава и вибрации и друго. Дел од опремата се и ABS, клима уредот, електрично задвижуваните стакла, седиштата и ретровизорите со греење и пар други ситници. Со еден збор, има сé што секој купувач на би посакал да има.
Моторот е познатиот 1,7 литарски бензинец со 83 KS и 129 Nm вртежен момент, менувачот петстепен мануелен, а погонот, без дискусија, на сите четири тркала. Цената на Niva Bronto во Русија изнесува 917.900 рубљи (10.615 евра), што е за добри 40 отсто повеќе од стандардниот модел без сите овие додатоци.