Не е за секого електронско тргување
» Сакајќи да ја добие највисоката можна цена и да ја заштеди провизијата на продавачите на користени возила, еден Германец се одлучил да го продаде својот автомобил од марката BMW преку eBay. Но нешто разбрал, нешто не, едно кликнал, друго не и во полето за цена внел 1 евро. Се разбира, веднаш се нашол некој што ја прифатил понудата и си купил BMW вреден околу 12.000 евра за цената што била побарана. Продавачот тогаш сфатил каква скапа грешка направил и во обид да си ги поврати достоинството и инвестицијата, поднел тужба. На негова среќа, судот во Франкфурт ги уважил неговите аргументи и ја прогласил зделката направена преку eBay за неважечка. Новопечениот сопственик на евтиното BMW не се жалел на одлуката.