Марадона возел Fiat 128
» И Марадона некогаш бил млад и сиромашен и возел скромен и евтин автомобил – Fiat 128. Аргентинците за него знаат одамна, а дозна и целиот свет откако се појави оглас дека се продава. Но сега нема да биде евтин – се бараат криповалути за него. Марадона го има продадено автомобилот пред да отиде да игра за Наполи, а дека навистина се работи токму за тој автомобил има потврдено последниот негов менаџер.