Струја? Не, благодарам!
» Цели тринаесет години по појавувањето на 370Z, јапонскиот производител го претстави неговиот наследник кој повеќе нема бројки во името – во духот на шесте генерации на своите претходници тој сега едноставно се вика Nissan Z. Дискретно зголемувајќи му ги габаритите, јапонските инженери целосно го преработија и тој сега доаѓа со покрута каросерија и унапредено ослонување, што заедно со новиот систем за управување ги подобрува возните својства. За тоа голема заслуга ќе има и агрегатот позајмен од Infiniti со зафатнина од 3,0 литри, од кои со помош на двата турбо компресора се извлекуваат 400 KS и 475 Nm. Поврзан е со 6-степен мануелен или 9-степен автоматски менувач и во двете верзии располага со launch control систем. Јапонците засега ги кријат бројките за забрзувањето, но за очекување е тоа да биде помало од пет секунди. Ретро изгледот веќе го видовме лани, а впечатокот од во целосно дигитализираната е повеќе од угоден.
Nissan Z во САД ќе се продава со цена од околу 40.000 долари, додека доаѓањето во Европа му го отежнуваат строгите стандарди за штетните издувни гасови.