Tags:
Решенија за филтрација на течноста за ладење

Најчесто занемарена филтрација

» Дефектите на системот за ладење може да се избегнат со мало и едноставно внимание. Со тоа што денешните дизел мотори генерираат повеќе топлина, системот за ладење има поголема улога за негово непречено функционирање. Но и одржувањето на системот за ладење стана значително поважно од порано. Течноста за ладење некогаш беше вода – антифриз се ставаше само на зима за водата да не смрзне кога моторот не работи. Но течноста за ладење сега не само што штити од смрзнување, туку и води битка со `рѓата и формирањето каменец. За ефикасно да го прави тоа, мора да има одредени хемиски својства – степен на киселост, отпорност на пенење и друго. А тие, пак, директно зависат од нејзината чистота, односно степенот на контаминација со прашина, масло, гориво или што сé друго може да дојде во контакт со неа. Ако макар и минимални количини од нешто такво се најдат во средството за ладење, тоа нема да може ефикасно да ја пренесува топлина и да ги одржува условите за работа на моторот во оптимални рамки. Тогаш, во најдобар случај, ефикасноста на моторот ќе биде нарушена односно потрошувачка на гориво ќе се зголеми, а во најлош се ризикуваат скапи дефекти и долго време потребно за поправка на машината.

Дека нешто не е во ред со системот за ладење најчесто се дознава кога веќе е доцна. Затоа од клучно значење е превентивното делување. Тоа добро го знаат производителите на тешки машини и затоа во најголем број случаи имаат предвидено систем за филтрирање на средството за ладење кај моторите. Решенија за тоа има повеќе, во зависност од конструкцијата и помошните системи на моторот, а крајната цел е идентична. Од клучно значење е да се знае точниот составот на течноста за ладење во моторот – не е доволно само толку проценти антифриз и толку вода. Видот на користената хемикалијата директно зависи од многу специфичности за работата и местото и опкружувањето каде се работи. Први прашања на кои треба да се одговори е дали моторот користи традиционално средство за ладење кое се третира со традиционални адитиви, или пак течноста за ладење е на база на органски киселини. Исто така треба да се знае дали подготвената мешавина бара регуларни или пак има продолжени сервисни интервали, односно термини за контрола на нејзиниот хемиски баланс и осиромашувањето со адитиви.

Најдобра опција, секако, е целосно следење на препораките на производителот на моторот и набавка на оригинално, фабрички однапред подготвено средство за ладење кое одговара за климатското подрачје и условите за работа на машината. Но реално, тоа ретко кога и ретко кој го прави бидејќи е скапо. А искрено, вакви средства за ладење не секогаш ги има на располагање тогаш кога ќе притребаат. Почесто практикувано решение, не само затоа што е поевтино, е самите да ја подготвувате течноста за ладење, односно да го разредите антифризот во одреден сооднос. Тука пак се поставуваат други прашања – со каква вода (дестилирана, деминерализирана) се прави тоа и каков антифриз е набавен. Тренд во нивното производство да се користат нови формули кои ги исполнуваат спецификациите користејќи нетоксични органски суровини од обновливи извори, со кои освен што се штити околината уште и ефикасно се продолжуваат контролните и сервисни интервали. Но овие позитивни трендови и промени кај течностите за ладење, заради зголемената термичка ефикасност на моторите, доведуваат до зголемено осиромашување на адитивите, истовремено кога е потребно да се обезбеди и подолг животен век на течноста за ладење и филтрите за неа. Неповолно влијае и тоа дека заради поголемиот проток на течноста за ладење низ системот само мал процент од неа поминува низ филтерот наменет за собирање на поголемите контаминати. Нивното периодично одводнување и испирањето на системот заради негово за чистење е важно бидејќи токму заради тоа во течноста за ладење може да се акумулира талог кој делува како изолатор на топлината и го спречува нејзиното одведување.

Иако тоа не е сé, и ова што досега е кажано делува малку конфузно и многу комплицирано, но сепак е потребно за да се сфати вистинското значење на филтрацијата на течноста за ладење. А како рековме, постојат повеќе различни решенија кои зависат од тоа. Затоа оваа најчесто занемарена филтрација треба да се препушти на стручњаците, кои во оваа област ги нема многу. Donaldson како водечки светски производител на системи и резервни делови за филтрација и технолошки ориентирана компанија посветена на задоволување на потребите на клиентите преку иновативни решенија, има развиено цели системи и решенија за ова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *