Изненадување кое можеби и не е
» Податоците за продажбата на нови возила во Европа месецов што помина донесоа неколку изненадувања. Најпрво тоа е вкупната бројка од 855.281 нов автомобил, што е за 18% помалку од ланскиот и 29% помалку од поланскиот ноември, но и најлош резултат за овој месец од 1993-тата наваму. Второто и за многумина поголемо изненадување е Golf кој го нема на челната позиција. Го нема ни на топ-10 листата која ја предводи Clio. Третото изненадување е малата разлика меѓу него и Sandero, 208 и 2008 кои го следат на првите четири позиции – точно 184 возила. Како што може да се види од табелата истото се повторува и со последните три возила – C3, Tucson и Duster кои меѓусебе се раздалечени за 47 односно 57, додека седмопласираната Corsa е подобра за 376 продадени единици. Пристојна разлика има само меѓу неа и моделите пред неа, T-Roc и Fiat 500 на петтото и шестото место.
- Renault Clio 16.353
- Dacia Sandero 16.263
- Peugeot 208 16.261
- Peugeot 2008 16.169
- VW T-Roc 15.234
- Fiat 500 13.255
- Opel Corsa 12.831
- Citroen C3 12.455
- Hyundai Tucson 12.408
- Dacia Duster 12.351