Нов патоказ за легендата
» Кој и што е Jeep не треба да се објаснува, но новите времиња бараат нови начини на размислување и затоа марката мора да се електрифицира. Но ако досега тоа се сведуваше на хибридни изведби на постоечките модели, во блиска иднина, поточно уште на почетокот на наредната 2023-та година, треба да го очекуваме првиот целосно електричен Jeep. Тоа ни ги навести матичниот Stellantis при презентацијата на својот стратешки план, во кој со пар компјутерски генерирани слики најде место и моделот за кој зборуваме. За жал, за него ништо повеќе не може да се каже – може да претпоставуваме многу работи од кои поголемиот дел ќе бидат вистинити, но ние сепак ќе се воздржиме од тоа.