Засега е тоа што е, а утре што ќе нé осамне, никој не знае
» Регулаторната комисија за енергетика денес донесе одлука според која дизелот поскапува за еден денар а бензините остануваат по иста цена. Но гледајќи ги трендовите на светските пазари сето ова е само најава за она што следи бидејќи цените на нафтата беснеат. Плус на тоа ако земеме предвид дека кај и да е мерките за привременото намалување на давачките за горивата кај нас во еден момент – денеска, утре, задутре или некој друг ден ќе престанат да важат, неминовно ќе следи драстично поскапување на горивата.
Засега е тоа што е, а утре што ќе нé осамне, никој не знае.