Дали знаевте?
» Во 2018-та, непосредно пред претставувањето на четвртата генерација на Octavia, Škoda за да ја задоволи побарувачката на овој модел, во Европа започна да продава возила произведени во Русија. Возилата од погоните на GAZ во Нижни Новгород се транспортираа најпрво до Чешка, од каде понатаму се дистрибуираа на останатите европски пазари. Првичните информации велат дека беше планиран извоз на 10.000 возила годишно, но не е познато до кога траеше извозот на возила од Русија и колку возила навистина се извезени. Освен возила, групата Volkswagen извезуваше и мотори произведени во Русија во други земји каде има производствени погони, вклучително Германија, Чешка, Полска и Шпанија, во количини од околу 40.000 единици годишно.