Претежно за Американците
» Подолг за 20 сантиметри и со седум седишта, Tiguan Allspace претставува попрактична изведба на најпродаваниот модел на Volkswagen во светот. Наменет е претежно за Американците, бидејќи таму не се продава стандардната верзија. Во ова освежено издание ќе биде достапен од есенва. Како и стандардниот Tiguan доби модификуван преден дел со ЛЕД светла (опционално со IQ матрикс технологија), нова маска и изменет браник заради кој е подолг за два сантиметри. Измените назад се помали – светлата имаат нова графика, натписот Tiguan е под логото, а браникот е малку дотеран. Внатрешноста е модернизирана со нов мултифункционален управувач, редизајнирана централна конзола, поквалитетни материјали, инструмент-табла и инфозабавен систем со нови екрани, премиум озвучување, амбиентално осветлување… Дел од опремата се и адаптивниот темпомат, автоматското запирање и Travel Assist системот за полуавтономно возење.
Tiguan Allspace за Америка е достапен само со 2,0 литарски турбо бензинец со 184 коњи и осумстепен автоматик со преден или погон на сите четири тркала, а во Европа со истиот мотор но со 190 или 245 KS спарен со седумстепен DSG менувач, потоа со 1,5 литарски бензинец со 150 KS и шестстепен мануелен менувач или седумстепен DSG, како и со дволитарски дизел со 150 или 200 KS. Ќе се произведува во Мексико.