Каде ако не во Дубаи
» Не само за престиж туку и за добротворни цели, во Дубаи на лицитација беше продадена најскапа регистарска табличка во светот. Еден тамошен очигледно важен човек кој остана анонимен за табличката со ознака P7 искешира 55 милиони дирхами, односно 14,9 милиони долари. Досегашниот рекорд го држеше регистарска табличка од соседниот Абу Даби продадена во 2008 година за 52,2 милиони дирхами, што е 14,2 милиони долари. Покрај регистарски таблички, на аукцијата се продаваа и телефонски броеви. Вкупно беа собрани околу 27 милиони долари наменети за поддршка на кампањата „1 милијарда оброци донација“.